Не егејците туку Евреите ќе влезат во Уставот, Аврамовска Мадиќ се извини за лапсусот

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, денеска на прес-конференција во Министерството за правда, изјави дека вчера направила ненамерна грешка кога во интервјуто за ТВ24 изјави дека во Уставот ќе бидат внесени и егејците.

Како што појасни таа, мислела на Евреите, но направила лапсус. Притоа, им се извини на егејците за направената грешка.

„Стануваше збор за лапсус, стануваше збор за Евреите, им се извинувам на егејците“, рече Аврамовска Мадиќ.

„Кога ќе го видат предлогот, ќе видат дека нема ништо лошо ако во Преамбулата влезат и другите народи кои поднеле барање, бидејќи не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Египќаните, егејците и сите оние кои ќе поднесат барање“, рече вчера заменик-министерката во гостувањето во ТВ24, што дел од јавноста го протолкува како порака дека егејците не се Македонци.

- Реклама -