Не е Samsung: Ова е најбрзиот телефон во светот

Популарната cross-платформа Antutu објави листа на десет најбрзи паметни телефони за третиот квартал годинава.

Треба да се напомене дека се избрани уреди кои моментално се наоѓаат на пазарот, но не мора да значи дека штотуку се претставени во јавноста, односно може да се произведени и пласирани и пред 2015 година. Критериумите и правилата ги постави  AnTuTu, кои се почитувани во светот во однос на својата дејност.

v195799

Сигурно не би погодиле кој е на првото место. Имено, Meizu Pro5 е малку познат модел на паметни телефони, пред се поради тоа што го нема на нашиот пазар. Иако неодамна имаа проблеми со испорака поради големите поплави во Кина, Pro 5 ја засени конкуренцијата. Meizu Pro5 под капакот крие Exynos 7420 процесор, а може да се пофали и со екран од 1080 пиксели, за разлика од други паметни телефони кои имаат 1.440 пиксели. Вкупниот број на поени кои ги освои овој модел е 76852.

antutu-bencmark

Следните четири места ги завземаа моделите на Самсунг –  Galaxy Note 5, Galaxy S6 Edge+, Galaxy S6 i Galaxy S6 Edge.

Сите тие, како и  Meizu Pro 5, користат  Exynos 7420 процесор.

- Реклама -