НБА: Портланд подобар од Мајами

Изминатава ноќ во НБА лигата беа одиграни само три натпревари на кои две победи остварија домашните екипи, Индијана и Портланд додека само Далас славеше во Сакраменто.

Кошаркарите на Портланд го победија актуелниот НБА шампион, Мајами со 92-90 а јунак на мечот беше репрезентативецот на Франција, Николас Батум кој уфрли 28 поени, плус имаше и седум скока и пет асистенции. Одличен беше и Ламаркус Олдриџ со 20 поени и дури 15 скока. Мајами беше предводен од Крис Бош со 29 поени и четири скока, Двејн Вејд уфрли 18 поени, а Реј Ален – 15 поени. Првата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс постигна 15 поени со 10 скока и девет асистенции.

Во малото дерби на Истокот, Индијана го совлада Њујорк со 81-76, демонстрирајќи дека е најдобрата одбранбена екипа во лигата. Кај Њујорк, во отсуство на Кармело Ентони, кој е суспендиран еден мел, се истакна Џеј Ар Смит со 25 поени и шест скока, додека Тајсон Чендлер беше стандардно добар со 12 поени и 15 скока.

Единствениот пораз на свој терен го доживеа Сакраменто и тоа од Далас со 117-112, по продолженијата. О Џеј Мејо го предводеше Далас со 24 поени и 10 скока, Винс Картер уфрли 23 поени а Дирк Новицки заврши со 17 поени. Кај Сакраменто се истакна Де Маркис Казин со 29 поени.

- Реклама -