НБА: Клиперси на неверојатни 17-0

Изминатава ноќ во НБА лигата беа одиграни четири натпревари, а победи остварија Клиперси, Сан Антонио, Сакраменто и Детроит.

Клиперси ја совладаа Јута со 107-96 продолжувајќи ја серијата победи на 17 меча, додека Спарси доминираа во уште едно дерби на Тексас, против Далас Маверикс со 111-86.

Клиперси се само трет тим во историјата на НБА кој во текот на еден месец остварил 16 победи во исто толку натпревари. Последен пат тоа им успеа на Сан Антонио во сезоната 1995/1996, а први тоа го направија ЛА Лејкерс во сезоната 1971/1972. Серијата од 17 победи е најдолга по низата на Бостон Селтикс од 19 победи пред четири години.

ЛА Клиперс до новата победа ги предводеше Карон Батлер со 29 поени, погодувајќи ги сите шест обиди за три поени, Крис Пол дополни 19 поени со 9 асистенции и 5 украдени топки, додека 19 поени уфрли и Џамал Крофорд.

- Реклама -