Назначувањето на Јетон Бучи и директорите во ЈСП се доказ од кого пати Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ по објавата на ДУИ оти нивен кадар ќе го води „Паркови и зеленило“

Ова е коментарот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ откако Демократската унија за интеграција (ДУИ) на еден од своите фејсбук-профили пред три дена објави дека нивниот кадар Јетон Бучи е назначен за нов директор во скопското Јавно претпријатие „Паркови и зеленило“

Сè излегува на површина со тек на време, па така и коалицијата СДСМ-ДУИ-Данела Арсовска која одамна ја обелоденивме и народот одамна ја препозна, а поради која Скопје тоне.

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје / Фото: Архива

Ова е коментарот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ откако Демократската унија за интеграција (ДУИ) на еден од своите фејсбук-профили пред три дена објави дека нивниот кадар Јетон Бучи е назначен за нов директор во скопското Јавно претпријатие „Паркови и зеленило“.

„Назначувањето на Јетон Бучи од ДУИ, како и директорите во ЈСП се доказ од кого Скопје пати. ДУИ и СДС како власт ја фатија Арсовска, ја корумпираа и уценија и сега таа е беспоговорен извршител на сите налудничави идеи на ДУИ и СДС меѓу кој е и нивниот плиткоумен план да го остават Скопје да тоне во ѓубре и неефикасни локални градски институции а паралелно да го набедуваат ВМРО-ДПМНЕ дека е криво за тоа“,

се наведува во реакцијата на владејачката партија.

На еден од фејсбук-профилите на ДУИ пред три дена е објавено дека Јетон Бучи од редовите на нивната партија ќе раководи со „Паркови и зеленило“. Град Скопје претходно ифнормираа дека дотогашниот директор на претпријатието Мартин Ангеловски е разрешен од функцијата.

- Реклама -