Навики што ги саботираат вашите лични финансии

Изработката и почитувањето на месечниот буџет е критична за финансиската дисциплина.

Понекогаш во обидите да се придржуваат кон буџетот, сепак луѓето прават работи кои практично ги саботираат нивните финансии. Еве некои од нив:

1. Буџетот е премногу ограничен

1

Ова е аналогно со примерот за супер строга диета, при која ограничувањата се толку многу, што по некое време се нафрлате врз „забранетата“ храна со целата сила. На крајот ги враќате сите симнати килограми, па дури и додавате нови. Нешто слично може да случи и кај премногу строг буџет. Наместо тоа  мудро распределете ги парите за работите кои сакате да ги правите, како и за забава. Главната цел на буџетот е да ве одвраќа од извршувањето на импулсивни купувања, како и да ги одржува финансиите во ред, во кој што можете да ги пречекате мирно месечните обврски.

2. Купувате стоки, само затоа што се намалени

Често луѓето се соочуваат со предлози, кои сметаат дека се премногу привлечни за да се пропуштат. Овој род купувања сепак можат да бидат многу опасни за вашите финансии. Така можете да вршите набавки, кои или не ви се потребни, или ќе стапат во употреба по одреден временски период. За да не направите грешка, клучно е да бидете свесни за вредноста на парите во времето. Освен тоа овие купувања можат сериозно да го оштетат вашиот буџет, и да ги намалат средствата потребни за други неопходни производи.

3. Купувате повеќе, за да добиете попуст

Во овој случај трошите повеќе, за да добиете пониска цена за единица производ. Многу често малопродажните синџири, во обид да ги натераат потрошувачите да трошат повеќе, пакуваат неколку производи во едно или нудат поголема количина од даден производ со попуст. Често и кога купувате online можете да добиете понуда за бесплатна испорака, ако потрошите одредена сума. Уште еден сигурен начин да купите работи кои не ви се потребни или ќе ги користите подоцна.

4. Долгорочни претплати

Дали е долгорочен договор за дигитална телевизија, фитнес или мобилни услуги, ова дефинитивно не е добра идеја. Едвај можете да процените во моментот какви ќе бидат вашите потреби и примања, на пример, за две години. Една таква фитнес претплата може да е тотална загуба на средства, ако немате волја, желба или дисциплина да вежбате редовно.

5. Штедење

Штедењето носи финансиска слобода и безбедност. Има случаи во кои што опсесивната заштеда може да создаде контра ефект и да прескокнете многу нешта. Штедењето обично се прави со идејата да се лишите денес за сметка на тоа да можете да правите нешто друго утре. Проблемот е во тоа што опсесивното штедење прави некои луѓе никогаш во животот не си дозволат да ги трошат своите пари за работите кои им носат задоволство.

- Реклама -