Наумоски: Целосно е изгаснат пожарот во Кучково, нема повредени и материјална штета

Пожарот кој попладнево изби во скопско Кучково е целосно изгасен и притоа нема повредени, ниту е предизвикана материјална штета, објави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров – Александар Наумоски.

„Благодарност на брзата интервенција на пожарната, огнената стихија брзо беше ставена под контрола. За среќа, нема повредени, ниту предизвикана материјална штета.

Благодарност до пожарникарите за навремената реакција, фирмите кои помогнаа, локалното население и нивната пожртвуваност и вработените во општинските служби кои на лице-место интервенираа“, напиша Наумоски на Фејсбук.

Посочувајќи дека зачестеноста на пожарите на топлото време е евидентна, тој ги повика граѓаните да ја почитуваат забраната за движење во шумските предели и повика на исклучителна внимателност од сите.

- Реклама -