Пионен, центарот за податоци на најголемиот интернет провајдер во Шведска, Банхов, се наоѓа под 30 метри дебела гранитна карпа, во едно поранешно атомско засолниште и може да издржи директен напад од хидрогенска бомба. Внатре има стакленици, водопади и вештачка дневна светлина. Доколку снема струја, се вклучува резервниот генератор, напојуван од два мотори од германски подморници. Несомнено, оваа пештера изгледа како дел од научно фантастичен филм.