Кучињата можат да разликуваат среќни и несреќни лица, открива ново истражување.
Иако ова е нешто во кое сопствениците на овие домашни миленици се сомневаат со векови, ова е прв случај кога добиваме вистински докази за тоа дека четириножните миленичиња имаат способност да разликуваат различни изрази на емоции во други видови.
Истражувањето е дело на Универзитетот за ветеринарна медицина во Виена, каде на кучиња им биле прикажани слики на горната или долната половина од нечие лице.
„Сметаме дека кучињата реагираат на фотографијата со тоа што ќе ги применат своите знаења за емоционалните изрази кај луѓето дури и кога станува збор за непознати лица “, вели Корсин Милер од тимот што го спроведе истражувањето.
Откако им биле прикажани вкупно 15 слики, кучињата можеле дури да прават разлики во лицето на луѓе кои не ги виделе никогаш.
„Тие можат да познаат кога човек е гневен или среќен, иако ова се однесува не само за луѓе кои ги познаваат, туку и за лица кои не ги виделе никогаш во животот. За нив насмевката има позитивно значење, а гневната фаца е асоцијација за нешто негативно “.
„Очекуваме да пронајдеме нови докази за неверојатната поврзаност меѓу луѓето и едни од нивните омилени домашни животни, како и за емоционалниот живот на животните како целина “, велат научниците.