Научниците цртаат очи на задниците на кравите

cow-eyes[1]

Модерни времиња, модерна наука и модерни решенија – како на пример цртање очи на газовите на кравите и добитокот.

Тоа е последниот крик на науката што се бави со заштита на добитокот од предатори. Сепак, главната намера е да се заштитат предаторите, во овој случај – лавовите. Идејата е дека фармерите кои се во ситуација да ги чуваат своите стада од лавови, често пукаат и ги убиваат потенцијалните предатори. Се разбира, од една страна тоа има многу смисла, но од друга – значи непотребна смрт на многу животни од овој загрозен вид.

Затоа, истражувачите од UNSW Australia разработуваат и тестираат метод на илузија и измама, со кој би направиле лавовите да мислат дека се набљудувани. Најефикасен таков метод може да се покаже „штампањето“ очи на задниците на кравите. Во основа на ова решение е принципот според кој лавовите и другите предатори имаат многу помала тенденција да нападнат кога чувствуваат дека пленот ги гледа. Тие се воглавно ловци од заседа, па кога мислат дека се забележани, обично се откажуваат од потерата.

eyes-on-cows[1]

Истражувачкиот тим сега ја тестира својата идеја на конкретно стадо крави. На половина од нив им нацртаа очи, а преку GPS следење и на кравите, и на лавовите во областа, ќе можат да утврдат дали нивниот психолошки трик работи и дали ќе спречи понатамошно убивање на лавовите.

Не дека фармерите немаат несмртоносни методи за одбрана против грабливците, но речиси секогаш посегнуваат по оружје кога сакаат да се одмаздат за нападите или смртта на нивниот добиток. Резултатот е намалена популација на лавови во регионите каде што има многу фарми со крави, пренесува Science Alert, со што африканските лавови станаа ранлив вид, со популација од само 23.000 до 39.000 на планетата. Цртање очи на задниците на кравите звучи како луда идеја, но всушност може многу да помогне во зачувувањето на загрозените видови.

- Реклама -