Тим научници, потпомогнати од јапонската компанија Toshiba, развија уред за производство на водородно гориво, врз основа на соларна енергија.
Практично, тоа не докажува никакво негативно влијание врз животната средина.
За функционирањето на генераторот се потребни само вода и сончева светлина. Полначите на сончевите батерии на уредот служат за производство на еднонасочна струја, која пак се користи за електролиза на водата.
Ова овозможува водородот да се извлече од водата и да се складира во посебен резервоар. Од таму гасот може да биде пренесен преку цевководи до централи или да се напојуваат автомобили со водородно гориво.