Денес знаеме дека универзумот се шири, но во 1920-тите, дури и Алберт Ајнштајн мислел дека универзумот е статичен. Дури и ја изменил неговата позната теорија на релативитетот за да важи за фиксен универзум.
Но иако денес знаеме дека другите галаксии се оддалечуваат од нас сé побрзо и побрзо, уште не сме сигурни зошто е тоа така. Затоа, во 2020-та, European Space Administration ќе го лансира „Евклид“ (Euclid) – сателит кој ќе помине 6 години мапирајќи го космосот. Но пред Euclid да погледне во длабочините на просторот и времето, научниците треба да научат како да ја процесираат огромната количина податоци што ќе ја собере сателитот. За да го направат тоа, создадоа џиновски дел од лажен универзум, користејќи суперкомпјутер во Швајцарија.
На компјутерот (наречен „Piz Dain“) му требале 80 часа за да генерира два билиона (10¹²) „честици“ од темна материја, кои потоа се формирале во 25 милијарди симулирани галаксии кои окупираат виртуелен простор со иста големина како тој што ќе го набљудува Еuclid во реалноста. Опсервацијата на галаксиите и како ја дисторзираат светлината – со помош на сателитот, ќе им помогне на научниците да научат повеќе за темната материја и темната енергија – сили за кои се смета дека се главни двигатели на експанзијата на универзумот.
Моделот на каталогот од галаксии создаден од „Piz Dain“ ќе биде дистрибуиран до повеќе од 1.000 научници кои ќе работат на мисијата на Euclid, за да можат да експериментираат со најдобрите начини за собирање и процесирање на податоци. Во меѓувреме ќе изработат план на тоа кој што да мапира, бидејќи мапирањето на универзумот мора да биде уиграно и добро извежбано.