Не му верувајте никому. Добро, не им верувајте на луѓето што изневеруваат.
Нова студија од Универзитетот во Алабама, во која што учевствуваа 443 мажи и жени, покажи дека оние кои што изневеруваат еднаш, најчесто и го повторуваат тоа. Така што, доколку сте во врска со човек кој што го изневерил поранешниот партнер за да биде со вас, подгответе се дека веројатно ќе ја доживеете истата судбина, а на некој начин тоа и го заслужувате.
Лидерот на студијата Џошуа Фостер вели:
„ Луѓето кои го украле моменталниот партнер од претходниот, имаат помалку посветен однос и низок степен на задоволство во врската. Тие обрнуваат повеќе внимание на романтичните алтернативи и обично сметаат дека се потенцијалните партнери поквалитетни од моменталните”.
Кој би сакал да се забавува со таква личност? Апсолутно никој.
Уште еден интересен факт за истражувањето е тоа што интровертните личности имаат поголема тенденција да изневеруваат.
„ Податоците за интровертноста се многу необични, поради тоа што поранешни истражувања покажуваат дека луѓето кои започнуваат нова врска обично го изневеруваат постојаниот партнер и имаат екстровертен карактер. Но, сепак новото истражување цели кон спротивното – изневеруваат социјално пасивните особи“.
Истражувањето има смисла – неверниот останува неверен. Обидете се да бидете подалеку од такви лица и пронајдете партнер што ќе биде доволно искрен кога ќе посака да ја заврши врската со вас.