Научници со светлина посилна од сончевата ќе се обидат да дешифрираат фрагменти стари 2.000 години (ГАЛЕРИЈА)

Научниците од Братанскиот национален синхротронски центар (synchrotron – посебен тип цикличен забрзувач на честици) ќе се обидат со моќни светлосни зраци виртуелно да одвиткаат и да прочитаат што пишува во списи стари околу 2.000 години, кои се толку кршливи што секаков друг метод би ги уништил.

Двeте целосни ролни и четирите фрагменти од таканаречената библиотека Херкуланеум, кои се единствените преживеани од антиката, биле закопани и карбонизирани од cмpтоносната ерупција на вулканот Везув во 79-тата година од нашата ера и се премногу кршливи за да бидат отворени. Списите биле испитувани во Diamond Light Source лабораторијата во Оксфордшир, каде се наоѓа и британскиот синхротрон – забрзувач на честици во кои зраци светлина патуваат во затворен кружен пат за да создадат светлина што е многу пати посилна од Сонцето.

„Идејата е како кога со компјутерска томографија (CT scanner) ќе направите тридимензионална снимка од пациентот и можете да ‘сечете’ низ неа за да ги видите различните opгани“, објаснува Лорент Чапон – директор по физика на Diamond Light Source. „Светиме со многу силна светлина низ списите (ролната) и тогаш на другата страна добиваме повеќе дводимензионални слики. Од тоа можеме да реконструираме тридимензионален ‘волумен’ од објектот… за да можеме всушност да го прочитаме текстот со метод кој нема да биде деструктивен“, додава тој.

Мастилото на списите е тешко да се види, дури и со ваков метод, бидејќи и мастилото е базирано врз јаглерод, исто како и папирусот на кој се напишани текстовите. Но, научниците се надеваат дека густината на папирусот ќе се разликува таму каде што се запишани буквите и симболите.

Скенирајќи ги фрагментите каде што карактерите се видливи, научниците се надеваат да создадат алгоритам со машинско учење кој ќе го дешифрира тоа што е напишано.

Податоците кои ќе бидат извлечени во процесот потоа ќе бидат анализирани од научниците во Универзитетот во Кентаки во САД, користејќи напредни компјутерски техники со цел да се дешифрира содржината на списите.

„Библиотеката на Херкуланеум е единствената преживеана од антиката и поради тоа материјалот внатре е од екстремно голема вредност“, вели Брент Силс, професор по компјутерски науки на Универзитетот во Кентаки. „Текстовите од античкиот свет се ретки и непроценливи и тие едноставно не можат да бидат откриени преку било кој друг познат процес“, додава тој.

 

- Реклама -