Научник изјави: Ако му се случи ова на Арктикот на*бавме

Разни климатолози со години „не заплашуваат“ со предупредувања на состојбата и климатските промени, но професорот Џејсон Бокс реши да ги упрости нештата и едноставно изјави дека ако се ослободи јаглерод од дното на Океанот на Арктикот, сите сме на*бале.

– Ако не ја намалиме количината на јаглерод во атмосферата и не го оладиме Арктикот, физиката и последните мерења говорат дека ќе предизвикаме ослободување на голем дел метан, што ќе ги осуди нашите деца на бавно печење, појаснува Бокс.

Претходно Универзитетот во Стокхолм соопшти дека огромна количина на метан се ослободува на дното на океанот под Арктикот, но шефот на научното истражување Орјан Густафсон многу помеко реагираше на оваа појава, сметајќи дека откривањето на голем меур од метан кој пристигнува до површината бил изненадувачки.

И порано имаше извештаи за ослободување на метан од океанското дно, но тие претставуваа предупредувања, а не директна закана, бидејќи морските микроорганизми го разградуваат метанот додека патува кон површината на водата, па влијанието на такви меури на климата е мало. Меѓутоа, шведски научници виделе меури на површината, а концентрацијата на тој гас била за 10 до 50 пати над нормалата, а членовите на истражувачката екипа нагласија дека се работи за метан.

Метанот се ослободува на длабочина од 250 до 500 метри во морето Лаптев кај Сибир. Очигледно струјата која поминува околу Скандинавија и своите последни сили што допираат до тоа место, минатите години загреале и предизвикале ослободување на метан.

Истовремено, постојат докази дека мистериозни кратери или дупки почнале да се појавуваат во Сибир, предизвикувајќи нагло ослободување на метан.

Џејсон Бокс е угледен научник кој го проучува т.н „црн снег“ кој што во себе содржи дим и јаглен, поради што брзо се топи.

- Реклама -