Научниците создадоа вештачка кожа

Вештачка кожаИнженерите од Универзитетот Калифорнија, Беркли, создадоа вештачка кожа што ќе им овозможи враќање на дел од чувството на лицата со загубени екстремитети, а истовремено ќе ги револуционеризира роботите.

Инженерите од Универзитетот Калифорнија, Беркли, создадоа вештачка кожа што ќе им овозможи враќање на дел од чувството на лицата со загубени екстремитети, а истовремено ќе ги револуционеризира роботите.

Вештачка кожаМатеријалот за вештачката кожа е направен од полупроводлива наножица, може да функционира на многу ниска волтажа и е пофлексибилна од која било вештачка кожа што некогаш била направена. Дополнително, органските вештачки кожи се лоши полупроводници и им е потребна висока волтажа за да функционираат.

Вештачката кожа реагира на притисок во опсег од 0 до 15 килопаскали, што е во рамките на она што е потребно за извршување на секојдневните задачи. Па така, ако еден ден во блиската иднина, дома имате робот што ќе ви ги мие чиниите, тој точно ќе може да го измери притисокот што го нанесува врз нив, за да не ги искрши.

Ова откритите веќе беше претставено пред научната јавност во публикација, а иднината ќе покаже колку и какви намени ќе бидат најдени за вештачката кожа.

- Реклама -