Конечно, научниците создадоа робот кој може да биде од помош во домовите. Добрата вест е што PR2 може да ги среди вашите пешкири и тоа го прави многу добро. Лошата вест е што потребни му се 25 минути за да здипли еден пешкир.
Конечно, научниците создадоа робот кој може да биде од помош во домовите. Добрата вест е што PR2 може да ги среди вашите пешкири и тоа го прави многу добро. Лошата вест е што потребни му се 25 минути за да здипли еден пешкир.
Додека домаќинките нема баш да бидат импресионирани со ова достигнување на научниците, ова беше поздравено како важно достигнување во полето на роботиката. Се досега, роботите беа дизајнирани за да извршуваат комплексни, но репетитивни акции, како составување автомобили, каде сите делови се е со истиот облик и големина. Она на што научниците напорно работеа беше да создадат модел кој ќе разбира како да се справи со објекти со кои прв пат се среќава, а кои имаат непредвидлива форма.
После многу макотрпни истражувања, тимот од Универзитетот во Калифорнија, создаде компјутерска програма со помош на која PR2 ќе може да е снајде со нешто толку непредвидливо како што е еден пешкир. Роботот користи камери со висока резолуција за да го скенира пешкирот и да ја процени неговата форма. Откако ќе ги лоцира двата агли на пешкирот, тој го носи на рамна површина и почнува да го дипли. Бидејќи за секој пешкир беше потребно 1,478 секунди за да биде здиплен, видеото со демонстрацијата на вештините на PR2 е забрзано 50 пати за да може да се види целиот процес.
[Robot to help with housework]