Научниците развиваат формула за љубовен напиток

Повеќе... Љубовта навистина може да биде дрога – тврдат научниците кои веруваат дека еден ден љубовта ќе може да се зема преку пилула или како ви звучи да можете да направите да се вљубат во вас со парфемот на љубовта.

love-potion-ca.jpgЉубовта навистина може да биде дрога – тврдат научниците кои веруваат дека еден ден љубовта ќе може да се зема преку пилула или како ви звучи да можете да направите да се вљубат во вас со парфемот на љубовта.
Можеби не е еден од поромантичните гестови, но научниците развиваат  формула за парфем за вљубување. Тие ја проучуваат хемијата на мозокот одговорна за сложените чувства која прави да не привлекува одредена личност и не прави моногамни.
Тестирања направени врз животните фрла ново светло на комплексните невролошки и генетски компоненти на љубовта на ист начин како што тоа водеше кон откривање на нови фармаколошки терапии за анксиозноста, фобиите и пост трауматскиот стрес. Според бихејвиорологот Larry Young, не е далеку денот кога ќе се развијат пилули кои можат да манипулираат со мозокот за да се зголеми или намали чувството на вљубеност.

Експериментите веќе покажаа дека назалното внесување на хормонот окситоцин ја зголемува довербата и предизвикува позитивни чувства кон другите луѓе. Некои веб страници веќе рекламираат производи со име Enhanced Liquid Trust, мешавина од парфем, окситоцин и феромони „дизајнирани за да го подобрат вашиот љубовен живот“. Според проф. Young, иако ваквите продукти нема да направат ништо повеќе одошто ја зголемуваат самодовербата на оној што ги користи, студиите направени во Австралија се на пат да откријат дали спреј на база на окситоцин може да се користи како дел од традиционалната брачна терапија.

Овој хормон е во интеракција со наградувачкиот систем во мозокот кој предизвикува задоволство и кој е стимулиран од невротрансмитерот допамин – истиот систем кој прави никотинот, кокаинот и хероинот да предизвикуваат еуфорија и зависност. Регионите во мозокот стимулирани од допаминот се активни кај мајките кога овие гледаат слики од своите деца. Слична активност се покажала кај луѓето кои гледале слики од луѓето со кои се во љубовна врска.
- Реклама -