Научниците се надеваат дека овој проект, минијатурна ѕвезда која чини 2,5 милијарди евра на Земјата ќе го создаде првиот реактор со нуклеарна фузија до 2012 година. Локацијата на реакторот можеби изгледа како обична зграда, но зад затворените врати можеби се наоѓа првиот извор на обновлива енергија од иднината.

Според тимот од National Ignition Facility (NIF) од Ливермор, Калифорнија, на 2 ноември оваа година тие првпат ги вклучиле сите 192 ласери и ги насочиле во центарот на реакторот каде што се наоѓал стаклен сад со тритиумски и деутериумски гас.
Како резултат на ова во реакторот биле создадени 1,3 милиони мега џули енергија, што е светски рекорд, а температурата измерена во јадрото била 3333315 степени целзиусови. Колку за споредба, температурата во јадрото на нашето сонце е околу 14999982 степени целзиусови. По овој успешен тест, најоптимистичките предвидувања велат дека за да се направи успешен реактор кој ќе функционира без никакви проблеми ќе треба да се чека до 2020 година. Некои научници предвидуваат дека до 2050 година, една четвртина од енергијата произведена во САД ќе потекнува токму од ваков фузиски реактор.