Научете нешто повеќе за земјата на Дедо Мраз

Финска е прекрасна скандинавска земја каде очигледно природата не штедела на своите богатства. Карактеристична е по долгите снежни зими, бројните замрзнати езера, прекрасните шуми, и секако по… Дедо Мраз.

Во продолжение, дознајте некои интересни и несекојдневни карактеристики кои ја опишуваат оваа прекрасна држава:

1. Таа е една од најретко населените земји во светот, и најретко населена земја во Европската Унија, со само 16 жители на километар квадратен.

finland

2. Во малечкото село Луосо, покрај Поларната светлина која може да се види во повеќе од 200 дена во годината, можете да уживате и во санките кои ги влечат хаските или ирвасите и во екстремното скијање. Светлината позната како Аурора Бореалис, името го добила по римската божица на зората, во просек трае од 10 до 15 минути.

Revontulet-1

3. Во јуни и јули во јужниот дел на Финска сонцето свети во текот на целото деноноќие, не спуштајќи се под хоризонтот. Токму затоа и многумина ја нарекуваат и Земја на полноќното сонце.

AmUkF

4. Во истиот регион на Финска пак, понекогаш, во зимскиот период, сонцето речиси и со денови може воопшто да не се појави на хоризонтот. Ваквите периоди се наречени поларни ноќи.

Aurora-Borealis-Norway

5. Во Финска, металот е до толку многу распространет, што дури и постои метал бенд за деца наречен Хевисаурус. Членовите на бендот се постојано облечени како диносауруси, а нивниот прв албум, Kings of Jurassic Metal, се најде на првото место на финските топ листи цели 10 недели.

hevisaurus_5

6. Финците обожаваат сауни. Според последните проценки, и покрај тоа што бројот на населението се проценува на околу 5 милиони Финци, тука се наоѓаат преку 2 милиони сауни. Во просек, речиси секоја куќа поседува сопствена.

sauna_zima-las

7. Во Финска, сообраќајните казни се пишуваат според тоа колкави се твоите месечни примања. Колку се поголеми, толку расте и казната. Така, во 2002 година, директорот на Нокија, Анси Вањоки, плати казна за брзо возење која изнесуваше горки 116.000 евра.

0619_12

8. Рованиеми е главен град на финската провинција Лапонија, но истиот воедно е и официјалното живеалиште на Дедо Мраз.
Во ова село Дедо Мраз има и своја канцеларија во која што тој навистина ја чита својата пошта со писма кои пристигнуваат од сите краишта на светот. Влезот во канцеларијата е бесплатен, меѓутоа доколку сакате Дедо Мраз “да ги почести” со подарок, тогаш посетителите мораат да платат 30 евра.

001ec949fb59123b567d01

Finland – Land of the Midnight Sun from Flatlight Films on Vimeo.

- Реклама -