Пет национални телевизии здружени во ММА (Македонска Медиумска Асоцијација) започнаа бојкот на активностите на министрите и на Владата.
Вчера тие ги спуштија камерите и не ја проследија прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Во исто време, во вестите на телевизиите со национална фреквенција веќе два дена не се емитуваат прес-конференции на министрите.
Како што се дознава, ваквиот радикален чекор телевизиите го презеле поради неисполнетите ветувања за помош преку министерството за култура, но и поради лошиот однос на Владата и „министерот за пропаганда”, како што го нарекуваат минситерот за отчетност и транспарентнос Роберт Поповски кон новинарите.