Комодо е прекрасен национален парк во Индонезија. Се наоѓа во областа на Малите Сундски острови, и се граничи со две индонезиски провинции, Нуса Тенгара Тимур и Нуса Тенгара Барат.
Се состои од три поголеми острови: Комодо, Ринка и Падар , како и 26 помали острови со вкупна површина од 603 km3 , додека областа околу националниот парк изнесува 1817 km3 . Островите на националниот парк се од вулканско потекло, во облик на заоблени ридови кои имаат висина од 735 метри.
Паркот е основан во 1980 година, најпрвин наменет само за да се заштити најголемиот вид на гуштер кој живее само тука, а од кој има преостанато околу 5700 примероци. Подоцна заштитата е проширена на целата флора и фауна со која изобилува овој волшебен регион. Во 1991 година, Националниот парк Комодо е ставен на листата на УНЕСКО како светско културно наследство во Азија.
Прекрасното зеленило во комбинација со белите песочни плажи и бескрајното водно синило, го претвораат ова место во вистинска рајска идила.