Во второто коло од новата кошаркарска сезона, екипата на КК Гостивар утре од 18 часот ќе ја пречека екипата на ТФТ Скопје. Покрај натпреварувачкиот дел, овој натпревар носи посебно значење, бидејќи ќе биде со хуманитарен карактер.
Собраните средства од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на нашиот сограѓанин Ивица Срезоски, кој боледува од спиноцеребрална атаксија и потребни му се 20.000 евра за посебен медицински третман со роботика во Србија.
Билетите се веќе пуштени во продажба, ќе може да се набават и поред почетокот на натпреварот по симболична цена од 50 денари, но се поттикнуваат и дополнителни доброволни донации.
Се повикуваат сите љубители на спортот и оние кои сакаат да помогнат да дојдат на натпреварот и да дадат свој придонес за оваа благородна цел.
Во првото коло од сезоната 2024/2025 КК Гостивар славеше против скопски Вардар со 70-76.