Натпревар во лежење во Црна Гора

Dani Leigh Photography

Во етно-селото „Монтенегро“ во Црна Гора, на 15 октомври ќе се одржи јубилејниот петти натпревар во лежење. Црногорците го викаат „црногорската олимпијада“, а уште попознат е како „љењчијада“.

Претходните четири натпревари се одржуваа во август, но организаторите соопштија дека овогодинешното поместување се должи на парламентарните избори, закажани за 16 октомври. Велат дека сакаат на натпреварувачите, пред сé од Црна Гора, да им овозможат да се одморат по напорната предизборна кампања, но таква можност да им пружат и на политичарите. Овој петти натпревар се одржува токму кога почнува предизборниот молк во Црна Гора, па затоа ги повикуваат сите претставници на политичките партии да дојдат на натпреварот и „малку да одморат“, а ако освојат награда – и да повратат дел од парите вложени во предизборните кампањи.

bcfc3b43fb35b6bdfb3a48747007c6eb[1]
Дел од атмосферата на претходните натпревари.

Победникот на натпреварот ќе добие 200 евра (ама и рафтинг на Тара), а вториот и третиот освојувач ќе добијат ручек за двајца во извесен ресторан по име „Per Sempre“ од Подгорица, кој воедно и ги обезбедува паричните средства за првата награда.

Ем заради јубилејот, ем заради изборите, оваа година организаторите ветуваат богата програма. Најавуваат и дека, како и политичарите, ќе пресечат и по некоја црвена лента, и ќе отворат некој важен инфраструктурен објект. На 14 октомври, на пример, претседателот на секретаријатот за рурален развој на Долни Брезањин свечено ќе отвори неасфалтирана улица. Потоа ќе биде отворена и првата метеоролошка станица која работи на принцип на висечки камен. А за крај, локалниот велосипедски клуб „Перун“ ќе организира трка под наслов „Кој побавно до целта“. Сметаат дека трката ќе привлече многу натпреварувачи, посебно оние кои отсекогаш сакале натенане да се возакаат до целта.

74ed27fc55d7ead16bd717d29d985220[1]
Дел од атмосферата на претходните натпревари.

Лани победникот стана (престана да лежи) по 33 и пол часа. Рекордот го држи Марко Ѓуровиќ, кој преклани без прекин лежеше цели 37 часа.

 

- Реклама -