НАТО го осуди крвопролевањето во Украина

 

Генералниот секретар на НАТО го осуди „срамотното” крвопролевање во Украина. НАТО ги осудува крвопролевањата во Украина и ги повика сите земји да прекинат со насилството. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен по средбата со премиерот на Грција, Андонис Самарас.

Тој истакна дека го осудува срамотното крвопролевање во Украина  и додаде дека ги повикува сите страни во конфликтот да ја запрат таа безумна спирала на насилство.

„Украинската  влада е одговорна за тоа вооружените сили да не се мешаат во политичката криза и воените и специјалците единици да не ги напаѓаат  граѓаните на Украина”, посочи уште генералниот секретар на НАТО.

„Овој   развој на ситуацијата би имал многу сериозни последици за нашето партнерство со Украина.  Единствениот пат напред е дијалогот и за тоа повикуваме да се вложат сите напори за изнаоѓање на мирно решение “, рече тој.

- Реклама -