Наскоро започнува: Бидете и вие дел од новата сезона на „X Factor“

Потрагата по новата музичка надеж, која што во себе го носи т.н „X Factor“, може да започне.

Од пролет ќе се одржат аудициите, кои што ќе го означат почетокот на втората сезона од регионалното шоу.

Како дел од истото повторно ќе се најдат Србија, Македонија, Хрватска, БиХ и Црна Гора.

Подготовките за аудициите се во полн ек, а пријавувањето оди преку испраќање на СМС порака со текст: Х2 (празно место) име и презиме на бројот 14722 или преку Фејсбук страницата на „Икс фактор Адрија“.

Кои ќе бидат во жири-комисија?

Продукциската куќа „CLM“, најавува жири составено од врвни музичари и интересни водители. Некои од српските медиуми веќе објавија дека една од судиите ќе биде хрватската ѕвезда Северина, а меѓу нив ќе нема ниту еден член од жирито на претходната сезона.

За потсетување, во првата сезона во улога на ментори ги гледавме Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач, Емина Јаховиќ и Кики Лесендриќ. Победник на првата сезона на „Икс фактор Адрија“ беше Даниел Кајмакоски.

 

- Реклама -