Во последно време, во сериите, филмовите и воопшто – поп-културата, во огромен размер се популаризира темата на андроиди (хуманоидни машини) и вештачка интелигенција. А модерните филмски хитови не можат да поминат без секс-сцени, па така е и во овој случај, иако со роботи. Оние посомничавите сметаат дека сето ова не е случајно и дека има за цел да го подготви човековиот ум за моментот кога луѓето и „свесните“ машини ќе почнат да живеат заедно. Нивниот аргумент е фактот што несомнено, колку почесто ги визуелизираме таквите сцени (макар и на големото платно), толку повеќе се навикнуваме и ја прифаќаме таквата идеја.
Иако многумина се шокирани од самата помисла, експертите тврдат дека за помалку од 50 години, сексот помеѓу луѓе и роботи ќе стане секојдневна реалност, за секој просечен човек. Меѓу нив е и д-р Хелен Дрискол од американскиот универзитет во Сандерленд. Згора на тоа, таа смета дека овој вид односи ќе биде од големо значење за човекот и дека ќе го унапреди неговото ментално здравје.
„Робофилијата, односно ситуацијата во која човек е сексуално привлечен од робот, сега ни звучи како нешто што нема многу врска со земниот живот, но реалноста е дека тоа наскоро ќе стане норма на однесување. Дури и сега, преку интернет можат да се нарачаат разноразни сексуални помагала (што се во суштина машини), а со напредокот на технологијата, во скора иднина истото ќе важи и за андроидите“ – истакнува Дрискол.
Според нејзините очекувања, сексот со машини ќе подразбира и развој на виртуелната реалност, до која добар дел од луѓето имаат пристап и во која уживаат дури и денес.
„Покрај нас ќе имаме нешто што ќе биде посовршено од човекот, а што ќе може да пружи безмалку исто уживање како и живо суштество. Ќе биде опипливо и направено по мера и желба“ – дополнува научничката.
Ако случајно сметате дека вовлекувањето на роботите во креветот на луѓето е повеќе хорор отколку технолошки и цивилизациски напредок, без паника – производителите ќе се погрижат нивните андроиди да бидат максимално секси и неодоливи. Умот и срцето лесно ќе бидат „прелажани“ да заборават дека се работи само за машина, а вашиот отпор дефинитивно ќе изгуби смисла во моментот кога сите околу вас ќе почнат да спијат со своите роботи.