Наскоро на пазарот: Велосипед кој е невозможно да се украде

Очигледно проблемот со претерано крадење на велосипеди не постои само кај нас, па така, три студенти од Чиле, идни инжинери, креирале модел на велосипед за кој тврдат дека е невозможно да се украде.

Дизајнот на прототипот наречен „Yerka“ и беше неодамна претставен на јавноста. Велосипедот има сопствен систем на заклучување, а самата негова рамка служи како катанец.

Евентуалните крадци на овој начин би можеле само да го искршат превозното средство, но не и да успеат да побегнат со него.

Студентите Хуан Монсалво, Андрес Рој и Кристобал Кабело се надеваат дека нивниот изум ќе се најде на пазарот веќе од наредната година.

- Реклама -