Наскоро ќе го комплетирам Советот за безбедност со експерти за глобалните проблеми, за евроинтеграциите и за климатските промени, најави Сиљановска-Давкова

„Засега имам само еден советник за надворешна политика, а тоа е Жидас Даскаловски. Според законот може да се ангажираат петмина. Оние кои сакам да ги вклучам бегаат од политиката. Ми велат дека во секое време ќе ми дадат совет, но без тоа да се институционализира“, вели претседателката

Засега имам само еден советник за надворешна политика, иако можам да ангажирам четворица. Наскоро ќе ги поплнам и местата во Советот за безбдност, со експерти за глобалните проблеми, за евроинтеграциите и за климатските промени. Ова вечерва во емисијата „Само интеервју“ на ТВ Канал 5 го најави претседателката Сиљановска-Давкова, одговарајќи на прашање до каде е со екипирање на претседатеелскиот кабинет.

„Засега имам само еден советник за надворешна политика, а тоа е Жидас Даскаловски. Според законот може да се ангажираат петмина. Оние кои сакам да ги вклучам бегаат од политиката. Ми велат дека во секое време ќе ми дадат совет, но без тоа да се институционализира“,

рече таа.

Сепак, посочи дека наскоро во кабинетот ќе ангажира и советник за внатрешна политика, како и дека ќе ги пополни трите места во Советот за безбедност.

„Мерам, затоа што сакам во Советот да има експерт зс глобалните проблеми, за евроинтеграциите, но и за климатските промени“

вели претседателката Сиљановска-Давкова.

- Реклама -