На огромна радост на сите фанови на прерано починатиот Тоше Проески ќе имаме можност да уживаме во нови песни отпеани од нашиот анѓел.
По шест години од неговата смрт, на пролет ќе биде објавен вториот постхумен албум на кои ќе се најдат шест необјавени песни.
– Завршивме три од шесте необјавени песни на Тоше, колку што пронајдевме по светов. Се што се заработи од неговиот прв постхумен албум е вложен во новиот – вели Ристески.
Тој додава дека луѓето кои ја слушнаа демо верзија на песните се воодушевени и веруваат дека публиаката ќе ги прифати веднаш.
„Чести се ситуациите во кои нешто не потсетува на нашиот Тоше и болката е голема. Оттаму и сатисфакцијата што работиме на неговите песни“, вели Ристески.