На 28 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одджи хуманитарен концерт за Србија и Босна и Херцеговина.
На него ќе настапуваат: Влатко Стефановски трио, Каролина Гочева, Ареа, Нокаут, Тони Зен и Кристина Арнаудова. Влезниците за концертот ќе бидат во продажба од 21 мај по цена од 500 денари. Во продажба ќе бидат пуштени 10 илјади влезници.
Апелите за помош на познатите балкански ѕвезди од регионот:
Новак Ѓоковиќ освоената титула во Рим ја посвети на Србија и Босна, а освоените 700 илјади евра ги донираше за жртвите од катастрофалните поплави што го зафатија овој регион.
Цеца покрај големата парична помош, ги мобилизирала сите мажи од својот дом за да помогнат на несреќните луѓе, кои во изминативе неколку дена изгубиле се што имаат.
Пејачите Марија Шерифовиќ и Владо Георгиев ја понудиле својата помош со обезбедување на превоз за раздавање на помошта по прибежиштата.
Карлеуша донирала и помагала во општината Воздовац.
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ за време на својот настап повикала за помош преку смс-донации за помош на загрозените од поплавите.
И Јелена Рогоза апелира за помош на Твитер.
„Значи, ограбувачите против полицијата, кај сточниот пазар во Обреновец извлекуваат мртви тела и стока, браната во селото Скела се проби и се очекува нов бран! За жал, ништо не се промени и медиумите и власта ја заблажуваат состојбата која што ја знаат само Обреновчани“, напиша Милан Станковиќ.