Нашите мозоци се дводимензионални

висинаНашето чувство за простор и локација е добро кога сме на цврста површина, но е бескорисно за проценување на висината. Тоа е заклучокот до кој дошле научниците кои откриле дека „мапата“ за просторот во нашиот мозок е изненадувачки рамна.

Истражувачоте од University College London проучувале клетки во и околу делот од мозокот познат како хипокампус, кој ја претставува мапата за просторот, за да видат се активираат кога стаорците се движат вертикално. Студијата, подржана од Wellcome Trust, се фокусирала на два типа на клетки за кои се знае дека се поврзани со претставата за простор на мозокот – мрежни клетки, кои ја мерат далечината, и локациони клетки, кои ја означуваат локацијата.

Научниците откриле дека само локационите клетки се осетливи кога животното се движи вертикално и дури и тогаш покажуваат многу слаба реакција. Кејт Џефри, предводник на студијата, изјавила: „Импликацијата е дека нашето внатрешно чувство за простор е доста рамно – многу сме чувствителни на тоа каде сме во хоризонталниот простор, но само делумно свесни за висината.“

„Ова откритие е изненадувачко и има импликации за ситуации во кои луѓето треба да се движат слободно во сите три димензии – како на пример нуркачи, пилоти и астронаути. Исто така се поставува и прашањето, ако нашата мапа на просторот е толку рамна, тогаш како се ориентираме во комплексни средини толку ефикасно?“ Релативно добро е разбран процесот преку кој хипокампусот ја создава својата мапа за просторот во рамни средини, но светот не е рамен – има топографија со голема разновидност, што значи дека корисна мапа мора да работи во сите три димензии.

Но, додавањето на трета димензија на двете хоризонтални додава сложеност во мапата, и не е познато како – или дали – мозокот може да го изведе тоа. За да го одговорат ова прашање научниците ги анализирале невроните познати како мрежни клетки, кои се активираат во периоди и на еднакво растојание при движењето на животните, формирајќи мрежна структура.

Претходно истражување покажало дека мрежните клетки се задолжени за обележувањето на далечината. Во студијата стаорците оделе не само на рамна површина туки и на скалила на ѕид за искачување или на спирални скали, што значи дека се движеле не само хоризонтално туки и вертикално. Интересно е тоа што мрежните клетки ги мереле хоризонталните растојание, но не ги обележувале вертикалните. Изгледа како мрежните клетки да не „знаат“ што е тоа ветикално ратојание.

Во вториот дел од студијата, научниците анализирале друг тип на неврони познати како локациони клетки. Локационите клетки, кои исто така се сместени во хипокампусот, создаваат по една точка на активност во просторот и навидум имаат функција за обележување на специфични места. Овие неврони имале само слаба реакција на висина, но сепак покажале некаква реакција, што наведува кон заклучок дека добиле информација за висина од некој друг, најверојатно неспецифичен извор.

Професор Џефри додала: „Изгледа дека податоците на мозокот за висина во просторот не се толку детални колку информациите за хоризонталните растојанија, кои се многу специфични. Најеверојатно се работи за знаење дека се работи за „голема висина“ или „мала висина“ а не за точната висина.“ [Why our brain’s sense of space and location struggles to map altitude]

- Реклама -