Нашиот бенд има толку глупаво име, вели Бјорн од АBBA


Бјорн Улвеус од легендарниот поп-бенд АББА изјави дека светски познатата музичка група има „многу глупаво име“ и дека го делат со „многу позната фабрика за харинга во Шведска“.

„Кога бевме само делумно познати, а доста познати во Шведска, ја снимивме првата плоча под името Агнета, Бени, Бјорн и Ани-Фрид. А дуџеите и на радио и насегаде се заморија од тоа да го изговараат сето тоа, како што можете да си замислите. Така што ги скратија нашите имиња на иницијалите АББА“, вели 79-годишниот шведски музичар, основачот на поп-музичката група во која беа и Агнета Фалцког, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад.

„Немавме избор. Мислев дека тоа е многу глупаво име. И е. Исто така, тоа е името на многу позната фабрика за харинга во Шведска – маринирана харинга, која е многу популарна во Шведска. И моравме да побараме од нив дозвола да го користиме истото име“, објаснува Бјорн Улвеус.

Улвеус вили и дека сакал тие да имаат некое „кул име“ како славните Тhe Rolling Stones или или нешто слично. The Northern Lights…. А еве сме со ABBA“.

ABBA е најпопуларната шведска група на сите времиња со рекордни девет синглови број еден на свветските топ-листи. Основана во 1972 година, ABBA стекна армија обожаватели во светот по триумфот на Евросонгот во 1974 година со нумерата „Waterloo”, како и со своите вонвременски хитови како „Dancing Queen“ и „Fernando“.

Четворката, којашто се разиде на почетокот од 1980-те, продаде околу 385 милиони плочи.

- Реклама -