Минатата година од Harper’s Bazaar беше опишана како модерна Мерилин Монро, а сега Скарлет Јохансон сними реклама во вид на посвета за холивудската гламурозна актерка.
Таа е дел во новата кампања на Dolce & Gabbana.
„Снимањето мина одлично, изгледаше како да работам на мал филмски проект што испадна многу забавно. Мислам дека ова беше еден вид посвета за Мерилин Монро“, изјави 29-годишната актерка за People.
Кампањата е наменета за новата линија козметика која ќе се најде на продажба од септември. Скарлет веќе десет години има одлична соработка со Dolce & Gabbana и изгледа дека уште долго време ќе биде нивно заштитно лице.