Таа а веќе доста успешна манекенка.
Мартина Марковска веќе 15 дена ја претставува Македонија на изборот за Miss Tourism Universe 2014 кој се одржува во Бејрут, Либан.
Веќе подолго време е дел од добро познатата Crystal Model Agency (CMA) од Белград и како што досега храбро чекори, оваа шармантна девојка за многу кратко време ќе биде нова македонска гордост.
Покрај манекенството, Мартина (16) која доаѓа од Свети Николе се занимава со пеење и глума.
Се надеваме дека ќе има уште многу што да се види во иднина од оваа атрактивна девојка.
Веста ја пренесува zazabava.com.