НАСА има предлог за интернационално знаме на Земјата, кое би го претставувало човештвото при евентуална средба со други цивилизации. Знамето составено од седум бели испреплетени круга на сина позадина, знамето (ако се одобри) ќе се употребува во идните вселенски мисии, и којзнае, можеби при колонизирањето на нови планети.
Предлог е на Оскар Пернефелдт, а симболиката зад дизајнот е следнава:
На средина на знамето, седум прстени формираат цвет – симбол на животот на Земјата. Прстените се поврзани еден со друг, што пак е симбол на тоа што сé на нашата планета е директно или индиректно – поврзано. Сината позадина, очекувано, ја претставува водата, која е есенцијална за животот, како и океаните кои покриваат најголем дел од површината на Земјата. Истовремено, надворешните прстени на цветот формираат круг, кој може да се гледа како симбол за Земјата како планета, додека сината позадина би го означувала универзумот.
Ние сме за, а вие?