Истражувачкиот Центар Глен, дел од NASA, претставил метод кој им овозможува на истражувачите да реставрираат навидум неповратно оштетени ремек дела со користење на атомски кислород.
Револуционерниот систем помогнал во реставрирањето на неколку оштетени слики кои имаат историско и културно значење за музеи, галерии и цркви. Дел од овие слики се и неколку века стариот италијански примерок на слика од Рафаел наречена “Madonna of the Chair”, сопственост на Епископалната Црква Свети Албан во Кливленд; слика на Џексон Полак оштетана во пожар; слика на Енди Ворхол и слики оштетени од чад од црквата Свети Станислаус во Кливленд.
„Атомскиот кислород е многу ефикасен. Кај реставрацијата на уметнички дела, функционира одлично… но не е нешто што може да се купи во шише, бидејќи е поефикасно од сè што може да се купи во шише.“ изјавил Брус Бенкс од одделот за експерименти на Истражувачкиот Центар Глен во Кливленд.
Методот опфаќа отстранување на органски контаминанти од оштетените дела со помош на атомски кислород. Процесот ги отстранува сите органски материи како јаглерод или саѓи без да има било каков ефект врз бојата. Бојата не е оштетена бидејќи пигментите во бојата најчесто се неоргански и веќе биле оксидирани. Покрај тоа, органските пигменти можат да бидат зачувани со внимателно мерење на изложеноста на атомски кислород. Процесот исто така нема никаков ефект врз платното бидејќи се одвива само на површината на сликата.
Вкупно 20-400 часа се потребни за процесот. Тоа време делото е сместено во вакуумска комора во која се создава атомскиот кислород. Но, ако делото е само делумно оштетена, тогаш таа се реставрира со помала направа што ја елиминира потребаата за комората. [NASA saves irreparably damaged works of art]