Американските астрономи, кои работат со вселенскиот телескоп “Кеплер”, открија 715 нови планети.
„Четири од нив ја надминуваат големината на Земјата, и не повеќе од два пати и половина и се вртат во погодна зона за живеење на своите ѕвезди”, се вели во извештајот на НАСА.
Се претпоставува дека овие вселенски објекти се потенцијално приспособени за одржување на живот, сличен на земскиот, пишува ИТАР-ТАСС.