НАСА објави нова компилација од фасцинантни видео снимки од Земјата во 4К резолуција (ВИДЕО)

Малкумина имаат можност да ја видат Земјата во живо од вселената… а за останатите, американската НАСА објави ново видео од „Сината Планета“ во висока (4К) резолуција.

Станува збор за компилација снимки од нашата планета направени меѓу март 2022. и март 2023 година за време на експедициите „67“ и „68“ на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Како што велат од НАСА, овие снимки ви овозможуваат да замислите дека сте дел од екипажот на МВС и имате цел слободен час да гледате низ прозорецот додека светот буквално минува крај вас.

- Реклама -