НАСА објави конкурс за ловци на астероиди

НАСА објави награди во износ од 35 000 долари за цивилни научници кои ќе успеат да развијат подобрени алгоритми за идентификување на астероиди , соопштуваат од Агенцијата.

Натпреварот се одржува во партнерство со компанијата Planetary Resource и ќе биде прв од серијата натпревари, почнувајќи од 17 март. Пред стартната дата учесниците можат да  создадат профил на страницата на натпреварот  и да научат повеќе за правилата.

Предизвикот пред ловците на астероиди е да развијат значително подобар алгоритм за идентификување на астероидите  фотографирани од земните телескопи. Целта е да се  намали бројот на лажни позитивни резултати, како и да се пребродат несовршеностите на податоците.

„За да се спречи  опасноста од судир со астероиди, најнапред треба да знаеме каде се тие”, вели директорот на програмата за награди и конкурси на НАСА,  Џен Гастетик.

„Отворајќи го овој конкурс, ние собираме  цивилни научници од целиот свет за решавање на овој глобален предизвик”.

- Реклама -