Мистеријата за тоа дали има вода на Месечината може да биде решена уште денес кога американската вселенска агенција НАСА ќе ја бомбардира површината на сателитот, создавајќи така огромен облак прашина кои ќе можат да го видат милиони жители ширум нашата планета. Бомбардирањето на Месечината НАСА ќе го пренесува во живо на нивната веб страница, а тоа ќе имате можност да го видите и вие денес околу 13.30 часот.

Научниците ќа го набљудуваат забивањето на дваете вселенски летала во јужниот пол на Месечината со брзина од 9.000km на час, при што ќе настане облак од прашина висок 10km, за кој од НАСА се надеваат дека ќе го потврди присуството на вода во количини доволни за идните мисии со човечка посада.
Доколку временските услови бидат поволни, астрономите аматери околу светот ќе имаат прилика со телескопи да го видат ударот на леталата на тлото од Месечината. Сите останати овој настан ќе можат во живо да го следат на веб страницата на NASA, како и да ги видат првите облаци од месечева прашина. Проектилот кој треба да се забие на површината на Месечината беше лансиран во јуни, заедно со орбитер кој моментално врши мапирање на површината на Месечината. После час и половина од колизијата ќе биде познато дали на Месечината навистина има вода.