НАСА ќе ја создава најстудената точка во универзумот

НАСА има план да го создаде најстуденото место место во досега познатиот универзум, кое ќе има температура пониска за 100 милиони пати од остатокот од таканаречената длабока вселена.

Се работи за Cold Atom Laboratory (CAL), која ќе биде лансирана во орбитата „јавајќи“ на SpaceX ракета до Меѓународната вселенска станица. Таму научниците ќе креираат досега невидени услови, во кои се надеваат дека ќе откријат нови физички својства и закони за однесувањето на атомите оладени до само билионити дел од степен над апсолутната нула.

„Проучувањето на овие супер-студени атоми би можело да го реобликува нашето разбирање за материјата и фундаменталната природа на гравитацијата“, вели Роберт Томпсон од Насината Jet Propulsion Laboratory, кој е дел и од проектот CAL.

„Експериментите што ќе ги правиме со Cold Atom Lab ќе ни дадат увид во гравитацијата и темната енергија – некои од најдоминантните сили во универзумот“.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

Инаку, Cold Atom лабораторијата на НАСА е ледена кутија со големина на ковчеже, опремена со ласери, вакуум комора, и електромагнетски „нож“ за да ги успорува честиците до речиси неподвижна состојба. Модулот е сé уште во својата финална фаза на изработка, па оваа мисија, предвидена за во август, ќе биде неговиот прв голем тест.

Планот е Cold Atom Lab да се наполни со гасовити честици на Меѓународната вселенска станица, каде уникатната микрогравитациона околина ќе им овозможи на истражувачите да опсервираат досега невидени квантни феномени кои се невозможни за откривање на Земјата.

„Како нови леѓи во првиот телескоп на Галилео, ултра-сензитивните студени атоми во Cold Atom Lab имаат потенцијал да отклучат многу мистерии отаде границите на познатата физика“, вели Камал Удрири – заменик проект менаџер на CAL.

- Реклама -