Астономи детектирале мистериозен сигнал кој доаѓа од Кластер Персеј – еден од најмасовните вселенски објекти, познат на науката, кој се наоѓа на 240 милиони светлосни години од нашата планета.Неидентификуваниот сигнал е врв на рентген опсег со многу специфична бранова должина. Научниците се уште не можат да кажат каков е изворот на сигналот.
Една од теориите сепак е доста интересна: сигналот можеби доаѓа од распаѓање на “стерилни неутрино” – теоретски предложени елементарни честички, кои се многу силен кандидат за темната материја во универзумот.
Научниците се обидуваат да најдат докази во поддршка на оваа интерпретација, што ќе доведе до голем пробив во науката. Никој досега не успеал директно да следи манифестации на темната материја, која сеуште останува само добра хипотеза во астрофизиката. Според оваа хипотеза 85% од масата во вселената се должи на темната материја. Други научници сугерираат дека сигналот можеби доаѓа од други хипотетички честички на темната материја, наречени аксиони.
Ова видео покажува локацијата на Кластерот Персеј, заедно со апроксимација кон некои од галаксиите внатре:
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk