NASA би, ама нема пари да прати луѓе на Марс

NASA си ја олесни душата и јавно соопшти дека е шворц, барем кога станува збор за праќање луѓе на Марс. Вселенската агенција и натаму ќе се стреми кон таквиот план, но во скора иднина Црвената планета ќе остане недостапна за нив.

„Не можеме да пратиме луѓе на Марс, а причината е буџетот кој ни е доделен. Имаме зголемување од само два процента, што е недоволно“, рече шефот за мисии со човечки екипаж – Вилијам Герштенмајер. „Влегувањето во атмосферата на Марс, понирањето и спуштањето се голем предизвик за нас“.

Леталата „Orion“ и „Space Launch System“ би требало да овозможат идни спуштања, но финиширањето на изработката на овие моќни машини е премногу скапо.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

По сé изгледа, за човечка мисија до Марс ќе треба да се крстиме во приватните компании како SpaceX и Blue Origin, кои за разлика од американската вселенска агенција, немаат ограничен буџет.

NASA, во меѓувреме, веројатно ќе се фокусира на идни мисии на Месечината, која потоа ќе ја користи како попатна станица за логистичка поддршка на подолги летови.

„Ако откриеме дека на Месечината има вода, а планираме сериозни операции кои би можеле тоа да го покажат, ќе имаме можност да поддршка и на поголеми мисии“, вели Герштенмајер.

- Реклама -