Нарушување на ред и мир пред казино во Гостивар

СВР Тетово соопшти дека вчера (25 септември) во 21.30 часот на улица ,,Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 28 годишниот гостиварец Ф.Ш., кој пред казино го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, извести полицијата.

Извор