Оние кои живееле со нив, во долината на реката Хунза заклучиле дека главниот фактор на долговечноста на животот е здравата исхрана.
Хунзите се народ кој не заболува од рак, на пример.
Хунзите (наречени и Буруши) се народ кој веројатно имаат најдолг животен век- 110 до 120 години. Не заболуваат од тешки болести, а благодарение на нивните гени навистина имаат младешки изглед.
Живеат на границата меѓу Пакистан и Индија, па тоа подрачје е познато како „оаза на младоста“. Многумина се занимаваат со нивната тајна за долговечен живот. Но, тајната е веројатно во нивниот целокупен начин на живот.
На пример, се бањаат во ладна вода, дури и на температура од 15 степени под нулата, а жените раѓаат дури и на 65 години.
Во текот на летото јадат сежо овошје и зеленчук, а во зима го конзумираат собраното жито и овчо сирење. Постои период кога Хунзите ништо не јадат, а тој е познат како „гладна пролет“. Името доаѓа од фактот што тогаш овошјето е се уште незрело, и тогаш пијат исклучиво сок од суви кајсии. Периодот трае од 2 до 4 месеци, а во нивната историја тоа строго се почитува.
Протеини внесуваат во најмали количини, а дневно внесуваат во просек од 1.933 калории, од кои 50 грама протеини, 36 грама масти и 365 грама јаглехидрати.
Оние кои живееле со нив во долината на реката Хунза заклучиле дека главниот фактор на долговечноста на животот е здравата исхрана. Хузните се народ кој не заболува од рак. Хунзите внесуваат многу витамин В-17 кој го црпат од семките од кајсија од што прават масло, а токму тој витамин во јавноста често се спомнува како одлична заштита од рак. Освен исхраната за долговечноста на Хунзите, заслужно е и големото движење, но и доброто расположение. Тие често се смеат.
Едно кинеско списание во 1984 година опишал интересен настан, кога еден од Хунзите, Саид Абдул Мобуда, ги збунил вработените во лондонскиот аеродром Хитороу кога го покажал својот пасош. Бил роден во 1832 година и имал 160 години!
Во книгата „Хунзи- луѓето кои не знаат за болест“, Р. Бирчер ја открил тајната за долговечноста на Хузните. Исхраната е клучот за сè. Содржи голема количина на свежа храна, природни производи, главно овошје и зеленчук. Сол користат минимално, како и алкохол и слатки јадења, а во текот на годината имаат еден период на гладување (постење).
За својата тајна за долговечност локалните жители велат едноставно: бидете вегетаријанец, секогаш работете некоја физичка работа, секогаш бидете во движење и не менувајте го ритамот на животот, тогаш ќе живеете и од 120 до 150 години!