Подгответе ја сами вашата маска за лице и уверете се во силата на чиа семките. Резултатите ќе ве воодушеват.
Сипете три супени лажици чиа семе во помал сад, и прелијте со две лажици вода. Оставете да отстои 30 минути, нежно мешајќи на секои 10 минути. Кога смесата ќе постигне структура во облик на гел, додадете две супени лажици мед, и една супена лажица маслиново масло. Промешајте се заедно и ставете на лице.
Можете благо да втриете бидејќи смесата претставува одличен пилинг, или едноставно можете да оставите да дејствува како маска 10 минути.