За современата бања има многу можности, но лошото е тоа што повеќето од нив се ужасно скапи.
Затоа, секогаш е добредојдена по некоја креативна идеја која ќе ви помогне да создадете сами некој интересен детал.
Ние налетавме на оваа и ќе ја примениме. Се надеваме дека ќе ви се допадне и вам 🙂
Едноставно и впечатливо.
Ставете ја козметиката во тегли обвиткани во мрежа.
На овој начин ќе ја пренесете езерската атмосфера во вашиот тоалет и ќе уживате секој пат кога ќе го погледнете вашето симпатично дело.
Истиот трик можете да го направите доколку сакате да создадете свеќник, како што е прикажано на фотографијата. За која намена и да се одлучите, веројатно нема да погрешите.