Направете миризлива свеќа од портокал

Откако ќе го излупите портокалот не ја фрлајте кората затоа што од неа може да направите свеќа. Еве како:

Потребни материјали: портокал,нож,маслиново масло, неколку капки етерично масло од портокал

Изработка: исечете го портокалот на половина и внимателно одвојте ја кората од двете половинки. За изработка на свеќата потребна ви е само едната половина во која е делот од дршката на овошјето. Внимавајте да не ја отсечете затоа што ќе ви служи како фитил. Во чашката од портокаловата кора сипете го маслиновото масло. Во него може да ставите и неколку капки етерично масло од портокал.

Запалете ја свеќата и уживајте!

- Реклама -