“Американски психопат”
Модерната класика “Американски психопат” e една од неконвенционалните, но непогрешливи избори за филмска вечер по празниците. Екранизацијата на режисерката Мери Харон по легендарниот истоимен роман на Брет Истон Елис е совршена сатира на потрошувачкиот нагон и корисничкото општество. Кристијан Бејл ја дава улогата на својот живот во ликот на Патрик Бејтман – љубител на живот на висока нога и опседнат со разно-разни трендови. Социјалните критики во “Американски психопат” се особено актуелни околу годинешнава шопинг хистерија пред празниците. Покрај сето тоа, филмот содржи и една од најпознатите забавни и „празнични“ сцени.